• Length in direction: 8 km
  • Difficulty level: 6/10
  • Climbing time: 2,5 hours
  • Climbing with children: 3 hours
  • Height difference: 700 m.
  • Starting point:

    Weekend Settlement – Ramna Reka

Navigation help: more in Tips
Map with all trails

Ченгино Кале (Калето) или Моравски Врв – врв на Малешевските Планини на границата Република Македонија и Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Се смета за најисточна точка во Република Македонија. Познато е како место од каде што извира реката Брегалница – втора река по големина во земјата.

Се издигнува на главното планинско било, на југоисток од врвот Погледец; на исток од него се одделува Моравски Рид, на југоисток е Каменички Рид. Се наоѓа на 1.710 метри надморска височина. Врвот е заоблен. Северните делови се спуштаат стрмно кон долината на Стара Река, додека југоисточниот и јужниот дел се пониски. Источните делови на Ченгино Кале водат кон Добромирска Река и Сливничка Река. Почвата е планинско-ливадска. Билото има високопланинска тревна растителност, додека северните и јужните делови изобилуваат со букови и иглолисни дрвја.

Тура

(во подготовка)