Овој блог е наменет пред сè за сите родители и деца кои водат секојдневна „борба“ за тоа кој да владее со далечинското од телевизорот, таблетот со глупавите бесцелни игри и јутуб содржини и слично. Доста е! Ајде во природа! Да дишеме чист воздух, да дишеме слобода, да учиме за планините, растенијата, животните, да научиме како да бидеме издржливи, силни и самостојни и да уживаме во супер интересно и безбедно опкружување. Резултат: среќни и изморени деца со црвени образи и уште посреќни родители!
Тука ќе постираме идеи за интересни планинарски и велосипедски тури кои вреди да ги посетите со вашите деца.
turnimedakinisam.mk е проектна задача на двајца основци кои играњето игри на таблет и бесцелното талкање по јутуб решија да го заменат со уредување на блогот turnimedakinisam.mk со цел да ги споделат со вас авантурите во природа и да ве „турнат“ и мотивираат и вие да го направите истото.
НАШИОТ ТИМ
Ние сме тим од посветени љубители на природата.
Андреја
Андреја, фраер од Аеродром („дромец“ е претежок збор), кога не игра Fortnite и Minecraft, тренира фудбал или е на планина.
Ева
Ева кога не вежба HipHop и клавир, обично виси на Roblox со другарките од маало. Но тоа брзо ќе се смени: треба патеки да се изодат и постови да се објават..
Марфи
Марфи е роден 2020 во Скопје - Кисела Вода. Главен е во паркот за миленици во Аеродром, освен кога е Веном (германска дога) тука. Од мали нозе шетка по планини и обично на врвот отспива една тура. Ги владее сите изодени високогорски патеки.
Слободанка Пендовска - Боте
Ботка е една од легендите на планинарските спортови во Македонија. Долгогодишен член на ПСК Бистра. За секоја нова патека ги слушаме советите на Боте. Сеуште е активна и не придружува на интересни тури.