Дали сме подготвени?
Првите прашања кои обично ќе си ги поставите: дали сме подготвени за на планина? Дали имаме доволно кондиција? Дали ќе издржат децата? Дали ние ќе издржиме? Би можеле ли да се изгубиме? Дали ќе не фати невреме?
Доколку сте жител на Скопје, вашата подготвеност за планинарски патеки или планински велосипедизам можете да ја проверите брзо и едоноставно – на Водно. Ако од Средно до Крстовар ви треба не повеќе од 1 час (Олимписка или Пензионерска патека) или од Панорама до Крстовар 2 часа, тогаш сте тип-топ подготвени за сите планинарски патеки (до 6 км во правец / 1000 м висинска разлика). За високогорските патеки кои ги надминуваат наведените вредности ќе ви треба барем 4 пати (викенди) по ред искачување од Панорама до Крстовар.
GPS и навигација
На сите наши постови објавуваме GPS Download, линк, кој всушност обезбедува преземање на gpx датотека со координати од соодветната патека. И што со таа датотека?
Најдобра опција е да набавите посебен GPS уред за навигација. За нас убедливо најдобра опција е Garmin GPSMAP 62s – постар модел кој користи обични батерии. На пазарот денес има најразновидни GPS уреди за навигација од различни производители – изборот е ваш. Во уредот, најчесто преку УСБ ги внесувате сите ваши омилени gpx датотеки, и тоа е тоа. Предности: батеријата држи со денови, а ако не држи, ставате нови. Недостатоци: скапичко.
Втора опција е вашиот смарт телефон. Одберете ја вашата омилена апликација за навигација, но внимавајте да има опција за offline карти бидејќи на повеќето планини мрежната покриеност со ГСМ сигнал отсуствува (наш предлог: OsmAnd). Внесете ги вашите омилени gpx датотеки и оф ју гоу. Предности: евтина варијанта. Недостатоци: батерија.
Картографија: Заборавете на Google и сите останати популарни картографски сервиси. За оваа намена, најточна картографија сепак има OpenStreetMap или OSM (open source).
ВАЖНО:
Некои од нашите GPS записи содржат повеќе сегменти односно неколку патеки. Освен тоа што на сајтот нудиме можност за преземање на gpx датотеката, за секоја патека постои преглед преку сервисот кој го користиме https://www.alltrails.com/ каде може да извршите краток преглед на соодветната патека но и download на истата. Доколку користите постар уред за навигација кој не поддржува gpx датотеката со повеќе патеки, можно е при upload на датотеката во вашиот уред, да биде прикажан еден сегмент од патеката а останатите да бидат автоматски избришани.
Решение:
- Планирајте однапред кој дел од патеката сакате да го искачувате и извршете upload единствено на тој сегмент (со помош на https://www.alltrails.com/ може да ги избришете сите сегменти од патеката кои не планирате да ги искачувате и да креирате сосема нов фајл со вашата утврдена рута),
- Користете уред / апликација за навигација (пример: Alltrails) кои поддржуваат gpx датотеки со повеќе сегменти.
Временска прогноза
Со времето нема играчки особено на планина. Ова секогаш имајте го на ум, дури и да е долу топло, сончево и најмирно на свет. Задолжително проверете ги временските услови и прогнози кои се најточни обично еден ден пред тргнување. Дури и на Водно знае да биде сериозно опасно доколку владеат неповолни временски услови – ова од искуство.
Една од подобрите апликации (Android + iOS): Storm Radar
За посериозни високогорски потфати, проверете на:
Опрема
Мора ли да биде Gore-Tex?
октомври 10, 2023/by bojanШатори за outdoor активности: кој модел за која намена?
мај 19, 2023/by bojanОдберете Изомат според неговата R вредност
април 19, 2023/by bojanVIBRAM: помеѓу митот и реалноста
декември 5, 2022/by bojanВИСТИНСКИ РАНЕЦ ЗА ВИСТИНСКА ТУРА
ноември 17, 2022/by bojanИМПРЕГНАЦИЈА: ШТО Е ТОА И КОГА СЕ ПРАВИ?
ноември 17, 2022/by bojanВодоотпорен, водоограничувачки, водоодбивачки – која е разликата?
ноември 17, 2022/by bojanТЕСТ НА ДЕРЕЗИ И СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ
ноември 11, 2022/by bojanСовети
ПРАВИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СРЕДБА СО МЕЧКА НА ПЛАНИНИТЕ
декември 19, 2023/by bojanДрезгање за почетници: совети за опрема и безбедност
ноември 17, 2023/by bojanСО БЕБЕ НА ПЛАНИНА: СОВЕТИ И ИСКУСТВА
септември 14, 2023/by bojanНЕВРЕМЕ НА ПЛАНИНА: совети и искуства
јуни 26, 2023/by bojanДетски планинарски чевли – вистински избор!
март 16, 2023/by bojanПерење и сушење јакни со пердуви: направете го тоа како што треба!
јануари 13, 2023/by bojanОДБЕРЕТЕ ГИ ВИСТИНСКИТЕ ПЛАНИНАРСКИ ЧЕВЛИ СПОРЕД НАМЕНАТА
декември 3, 2022/by bojanПринцип на повеќеслојно облекување: вака се облекувате правилно
ноември 13, 2022/by bojan11 СОВЕТИ ЗА ТУРИ ВО СТУДЕНИ УСЛОВИ
ноември 10, 2022/by bojanПОДГОТОВКА ЗА ПЛАНИНАРСКА ТУРА
ноември 10, 2022/by bojanДисклејмер
Доколку не сте сигурни за вашите способности да се снајдете сами на планина, топло ви препорачуваме да ангажирате планинарски водич или да се пријавите на организирана тура (иако повеќето планинарски друштва се малце скептични околу учеството на деца). Има повеќе планинарски друштва кои своите тури ги објавуваат на FB.
turnimedakinisam.mk се оградува од сите можни незгоди и повреди кои би можеле да се случат како резултат на непочитување на правилата на однесување на планина, или како резултат на виша сила или временски непогоди. Сите содржина на овој блог се од информативна природа и за истите не сносиме одговорност :) тенкју
Прочитајте повеќе за нашите Услови за користење / Политика на приватност