Кораб – планина во Западна Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во Р. Македонија — Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. Поради уникатните природни карактеристики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.
Се издига во северниот дел на Корабскиот планински масив, на потегот од врвот Шерупа (2,092 м) на север, до високопланинскиот превој Дешат (1,959 м) на југ, со должина од 26 км. Правецот на протегање е меридијански од север кон југ. Планинското било е јасно изразено по целата должина, во северниот дел е благо заоблено, а во средишниот и јужниот е доста остро и послабо расчленето. Над планинското било се издигаат повеќе врвови чија височина е над 2,000 м, а на 39 поедини места и над 2,500 м. Највисок врв е врвот Голем Кораб (2,753 м), кој иако припаѓа на територијата на Националниот Парк Маврово, ‐ Република Македонија, сепак не припаѓа кон сливот на Реката Радика, туку на сливот на реката Прој Радомирс во соседна Албанија.
Планината Кораб се одликува со разновидни релјефни форми. Под планинското било се наоѓаат изворните челенки на повеќе притоки на реката Радика, која се јавува како важна одводна артерија во Националниот Парк Маврово, меѓу кои позначајни се: реката Штировица, реката Рибница, Длабока Река, поголем дел од изворната челенка на Жировничка Река и други. Во фосилизираните циркови се наоѓаат поголем број на извори, а во поедини се среќаваат и постојани, периодични и повремени природни постглацијални езера.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Голем Кораб 2753
Малокорапска Стена 2727
Радомирски Врв 2716
Мал Кораб 2683
Кепи Бард 2617
Црна Чука 2572
Бел Врв 2532
Боази 2510
Бели Јами 2494
Шуплив Камен 2440
Црн Камен 2403
Дерза 2403
Цигански Врв 2398
Кабаш 2395
Свртен Камен 2380
Зиберова Кула 2377
Нистровски Кораб 2356
Рибничка Скала 2305
Ливадички Врв 2274
Црн Камен (Кобилино Поле) 2248
Високо Брдо 2245
Плоча 2235
Јаворско Брдо 2155
Капи Џамија 2116
Куртово Ќуле 2082
Шило 2044
Пирк 2036
Махија Мада 2002
Бабин Камен 1956
Пројжаба 1939
Црн Камен (Врбјани) 1885
Корапскиот водопад на Длабока Река
Големокорапско Езеро (2.500 м)
Чукино Езеро (2.370 м)
Малокорапско Езеро (2.350 м)
Изгревно Езеро (2.330 м)
Кобилино Езеро (2.320 м)
Горно Радомирско Езеро (2.160 м)
Шилско Езеро (2.070 м)
Мало Грамско Езеро (1.950 м)
Големо Грамско Езеро (1.880 м)
Бачилско Езеро (1.870 м)
Бабино Езеро (1.820 м)
Долно Радомирско Езеро (1.775 м)
Црно Езеро (1.490 м)
Рибничка Река (притока на Радика)
Радомирска Река (притока на Црн Дрим)
Штировица (притока на Радика)
Длабока Река (притока на Рибничка Река)
Шерупска Река (притока на Радика)
Циганска Река (притока на Рибничка Река)
Таировска Река (притока на Жировничка Река)
Габровскa Река (притока на Длабока Река)
Планинарски патеки
Велосипедски патеки