Дрен Планина (или само Дрен) – средновисока планина во Македонија што се протега помеѓу Мариовската Котлина на југ и Раечката Котлина на североисток. Со своето протегање планината Дрен ги заградува од исток Прилепското Поле и Пелагонија и самиот град Прилеп, на југ нејзините падините ја оградуваат длабоката долина на Црна Река во Мариово, од запад ја заградува долината на Раечка Река. На север, планината Дрен преку превојот Плетвар е поврзана со планината Бабуна, во јужниот дел преку патот за селото Бонче и поранешното село Писокал, планината е поврзана со Селечка Планина. Всушност претставува продолжение на Селечка Планина со правец на протегање ЈИ-СЗ. Највисок врв е Ливада (1.663 м) во западниот дел, Четири Буки (1.476 м) и Трите Страги (1.476 м) во источниот дел. Од превоите најголема улога игра превојот Лигуроса (1.152 м), што го поврзува Раец со Мариово. Освен по правецот на протегање, Дрен Планина се разликува од Селечка Планина и по геолошкиот состав кој овде главно го чинат карпи од мермерната серија, за што на двете падини постојат и најпознатите наоѓалишта и ископи на мермер како Сивец и кај селата Беловодица на северната и Вепрчани на јужната падина. Поради мермерниот и делумно варовничкиот состав на почвата постојат пештерите Гулабинка, Пешти и Подот на јужната падина, а подземно во планината има големи количества на вода кои избиваат во силните Гуѓаковски Извори под јужната падина на левиот брег на Црна и полнењето на т.н. Мермерно езеро кај Беловодица на северната падина. Од растителниот свет застапени се листопадните шуми на даб, брест, дрен, поретко бука и топола, а на значајно големи површини особено на јужните падини во долината на Црна Река е застапена и зимзелената борова шума.

Селечка Планина – средновисока планина која се наоѓа јужно од градот Прилеп помеѓу Пелагонија на запад и Мариово на исток. Највисок врв е Висока со 1.471 м. Селечка Планина има меридијански правец на протегање од север кон југ, чие било започнува на север од превојот Скала, а на југ завршува во долината на Црна Река. Долга е околу 30 километри, а широчината се движи меѓу 8 и 10 километри. Започнува одвојувајќи се планината Дрен на север од каде сртот продолжува во јужна насока преку врвовите Паничиште (1421 м.н.в.) и Две Стени (1473 м.н.в.) до превојот Слива преку кој минува регионалниот асфалтен пат кон Мариово и Витолиште. На ова место кон запад се испушта мала огранка односно гребенот Веслец висок 1322 метри. Продолжува во јужна насока над селото Бонче до гребенот Грнчарица од каде се искачува на највисокиот врв Висока, од каде што продолжува на југ преку гребенот и врвовите Бобиште (1266 м.н.в.), Смеч или Срнеч (1303 м.н.в.), Гавран (1412 м.н.в.) и Џаула (1431 м.н.в.) сѐ до влезот на Црна Река во Скочивирската Клисура во Мариово. Највисок врв во северниот дел е Висока (1471 м.н.в.), а во јужниот дел е Џаула (1434 м.н.в.). Од превоите покрај Скал, преку кој се поврзува северниот дел на Пелагонија со Мариово, значаен е уште и превојот Преслап (936 м.н.в.) преку кој комуницира Битолското Поле со Мариово.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

ДРЕН
Студеница 1663
Камена Страга 1522
Манастириште 1607
Калусовец 1446
Коњарник 1538
Паничиште 1421
Две Стени 1473
Трите Страги 1476
Четири Буки 1462
Маркови Кули 1510
Голина 1334
Јаловарски Стени 1399
Ѓуле 1568

СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА
Висока 1471
Маргара 1016
Бобиште 1266
Веслец 1322
Смеч 1303
Гавран 1412
Џаула 1434

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки