Планината Ниџе се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија. На македонска територија зафаќа вкупна површина од 689,4 км2, од кои 357,4 км2 над 1000 метри надморска височина, 82,2 км2 над 1500 метри и само 10,8 км2 површина над 2000 метри надморска височина. Преку нејзиниот срт води државната граница помеѓу Македонија и Грција. Се протега во правец североисток-југозапад со највисок врв Кајмакчалан (2521 м.н.в.), но доста се истакнува и истоимениот врв Ниџе висок 2361 метри. Нејзината должина изнесува повеќе од 20 километри во права линија. На запад, Ниџе се граничи со големата пелагониска котлина. Северозападната граница и воопшто на север од Селечка Планина е одвоена со Скочивирската клисура на Црна река после нејзиниот голем свиок јужно од Селечка Планина до сливот на реката Сатока. Од вливот границата завртува десно на повеќе од 90 степени и се упатува во југоисточна насока до сливот во Градешка Река. Спротиводно од неа достигнува до изворите, одделувајќи го Ниџе од планината Козјак на североисток со која што морфолошки се надоврзува. На југ од Ниџе во егејскиот дел на Македонија се простира Островската (Еордејска) Котлина. Според правецот на протегање, Ниџе претставува ретка и единствена планина во Македонија која што скршнувајќи по речиси прав агол од 90° ја променува насоката на протегање, наликувајќи скоро на бумеранг. Од историјата, планината Ниџе е позната по тоа што на нејзиниот срт на кој денес е расположена на македонско-грчката граница за време на Првата светска војна бил познатиот Македонски или Солунски фронт. Ниџе е петта по височина од планините во Република Македонија.

Планинското било на Ниџе на североисток започнува со врвот Кравица висок 1682 м., продолжува до превојот Бела Земја висок 1635 м.н.в., од каде што се искачува на врвот Сокол висок 1822 метри. Од таму сртот се искачува до највисокиот врв Кајмакчалан (2521 м.н.в.) од каде што го менува правецот кон запад преку врвовите Стефанец (1825 м.н.в.), Старков Гроб (1876 м.), Рогош (1353 м.), завршувајќи со малиот врв Голаш на котата 774 метри над селото Живојно во Пелагониската рамнина.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Кајмакчалан 2521 м
Манастириште 2434 м
Ниџе 2361 м
Старков Заб 2223 м
Бело Гротло 2149 м
Бела Земја 1877 м
Старков Гроб 1876 м
Сокол 1822 м

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки