
Мелнички манастир (понекогаш нарекуван Витолишки манастир) — манастир во непосредна близина на некогашното село Мелница. Манастирот е сместен покрај реката Бутурица, веднаш на регионалниот пат 1107 кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште.
Манастирот започнал да се гради во 1870 година под водство на Стале Чешелков, но и со помош на целокупното мариовско население. Главната манастирска црква „Св. Илија“ била завршена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф. Според натпис пронајден во манастирската црква кој потекнува од 1872 година, манастирот бил изграден од мајсторот Пере Лауца со помош на православните христијани од околните села.
Манастирот и црквата Св. Илија се прогласени за споменик на културата во 2019 година.
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина:










