Илинска Планина или Пространска Планина – средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток. Највисоки врвови се Лиска (1.909 м) и Старец (1.577 м). Се наоѓа помеѓу котлината Дебрца на запад, долината на реката Треска на север, Демир Хисар и долината на Беличка Река на исток. На југоисток продолжува во Плакенска Планина. На Илинска Планина се развиени изворишните челенки на Мраморечка и Беличка Река. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовнички конгломерати и гранитит преку кои лежат карбонатни карпи. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта. Изобилува со букова шума во високите и средните делови, како и дабова во пониските делови.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Лиска 1909
Старец 1577
Ветреник 1902
Стирени Камен 1898

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки