Поради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете најголеми езера во земјата — Охридското и Преспанското.

Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните карактеристики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови.

Делот јужно од Зли Дол се именува како Стара Галичица. Тоа е највисокиот и најмаркантниот релјефен дел на националниот парк. Неговите страни стрмно се отсечени кон езерата и избраздени се со суводолици што на планината и дава изглед на непристапност. Во неговиот централен дел оформено е широка висорамнина со надморска висина поголема од 2000 м. На него се застапени скоро сите површински карстни облици. Јужно од овде, масивот продолжува во Сува Гора во Мала Преспа на територијата на Албанија.

На север од него се наоѓа делот Галичица. Највисокиот врв Вакоски Гној има централна положба и висина од 1999 м. Во овој дел ширината на планината е најмала (9,75 км). Падините кон Охридското Езеро се стрмни и слични со оние од претходниот дел, додека источните падини поблаго се спуштаат кон Преспанското Езеро. Платото во централниот дел е на висина од околу 1400 м. и на него се оформени четири карстни полиња.

Остатокот од масивот меридијански е поделен на два дела и тоа Петрино кој гравитира кон Охридската и на исток кон Преспанската Котлина.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Лакосигној 1984
Магаро 2255
Томорос 1675
Кота 2265
Вир 2288
Бело Орле 1500
Вишесла 1563
Багрем 1464
Милеец 1366
Бигла 1663
Голем Исток 1642
Црвен Камен 1660
Скала 1576
Високи Врв 1643
Среден Врв 1654
Три Мажи 1629
Пресека 1633
Гога 1735
Шагон 1622
Дива Јасика 1625
Бугарска Чука (Чумо Влага) 1801
Самар 1657
Елен Врв 1221
Гурабиља 1574
Смолојца 1381
Пропас 1435
Војтина 1468
Орли Врв 1338

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки