Бабуна – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле.
Се протега на север од Голи Рид (1455 м.) до превојот Плетвар (994 м.) на југоисток. Билото има динарски правец на протегање северозапад–југоисток. Во средишниот дел е позната како Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е Козјак (1.746 м). На запад Бабуна продолжува во планината Злато (Златоврв 1.422 м). Македонскиот револуционер Ѓорче Петров давајќи детален опис на протегањето целата планина ја нарекува Мукос, а ги наведува и следните имиња според правцот на протегање: од низината на 2 часа растојание јужната падина ѝ се нарекува Дреновска Планина по селото Дреновци коешто се наоѓа на јужното подножје, а поголемиот дел од северната падина се нарекува Мукос, назив којшто тој го зема општо за целата таа верига.
Од реките позначајни се: Брезица и Црничка Река кои со Изворчица се десна притока на Бабуна и Бел(ев)а и Стара Река кои течат кон Прилепско Поле. На Бабуна од културно-историските споменици се издвојува манастирот Трескавец.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Козјак 1745
Орлова Стена 1447
Мали Врв 1209
Борула 1436
Лута 1499
Ќавено 1445
Баба 1327
Ракова Глава 1514
Виорино 1501
Попова Глава 1375
Белички Рид 1225
Планинарски патеки
Велосипедски патеки