Јакупица или Мокра Планина — планински масив во Централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка, Мумџица, Салакова Планина и Осој. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори – врела и др. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2.540 метри. Други важни врвови се: Караџица (2.473 м), Попово Брдо (2.380 м), Остар Брег (2.365 м), Убава (2.353 м), Остар Врв (2.275 м) и Даутица (2.178 м).

Релјефот е пресекуван од бројни чисти и брзи планински реки. Големи области се покриени со букови, дабови и игнолисни шуми. Исто така, постојат очигледни траги на исконски глацијација од делувалниот период. Во последно време голем број на институции имаат дадено предлог Јакупица, како и целиот масив Мокра Планина да станат национален парк.

Овој планински масив е лесно достапен од главниот град Скопје или од градот Велес и многуте села во оваа област.

На чисти и јасни денови, од врвот Солунска Глава се верува дека може да се види градот Солун во Грција, па оттука доаѓа и името на највисокиот врв. Но дали има вистина во тоа, ќе треба да проверите.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Солунска Глава 2540
Караџица 2472
Перчулица 2423
Пепелјак 2352
Убава 2346
Пржал 2339
Каменити Брег 2318
Остри Врв 2263
Миленков Камен 2217
Мирска Вода 2179
Иванов Камен 2108
Кривул 2088
Бел Камен 2074
Рендова Ливада 2058
Лисец 1935
Сипачан 1790
Зајачница 1760
Османбежица 1730
Каљаја 1710
Студена Вода 1475
Коритски Камен (Тисовички Врв) 1441
Темна Бука 1362

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки