Добра Вода – висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. На север започнува од Дупен Камен (1.857 м), со којшто е одделена од Сува Гора, а на југ се протега до долината на реката Треска. Централното било има динарски правец на протегање северозапад – југоисток. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м). Зафаќа вкупна површина од 396 км2. Неотектонските движења овде се особено манифестирани, така што од сите страни е ограничена со раседи. Планинското било се протега во должина од 25 км. Највисокиот дел е под пасишта, а планинските страни се под дабова и букова шума.

Песјак е средновисока планина во Западна Македонија којашто претставува јужна огранка на масивот Добра Вода. Планината има меридијански правец на протегање и се наоѓа меѓу Кичевската Котлина на запад, областа Порече на исток, течението на реката Треска на југ, додека на север постепено преминува во повисоката планина Челоица. Највисок врв е Јошков Камен со височина од 1.917 м, а меѓу другите врвови се издвојуваат Старци (1.897 м), Коњарник (1.876 м) и Седлар (1.772 м).

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Добра Вода 2062
Кула 1917
Коњарник 1874
Јошков Камен 1917
Седлар 1772
Старци 1897

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки