• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    Курбиновски Манастир

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Свети Ѓорѓи – главна и единствена манастирска црква на Курбиновскиот манастир, сместена над селото Курбиново, Преспа, во непосредна близина на Преспанското Езеро. Во кругот на црквата се наоѓале старите селски гробишта на Курбиново, кои се користеле до 1921 година.

Црквата е изградена во 1191 година (XII век), што се гледа од натписот над олтарот за време на владеењето на Исак II Ангел. Црквата е сместена на 1 километар источно од селото, подигната во втората половина на XII век. Во XVII век била запуштена, а во текот на XIX век била обновена. Конзерваторските работи на архитектурата и живописот биле завршени во 1958 година. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17 метри и широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија.[2] На западната страна нема нартекс (двор каде се собираат верниците). Има два влеза и изградена е главно од камен и помалку од тули. Ктиторската композиција на надвратникот не е во целост зачувана. Зачувани се само две свети лица и ктиторот со семејството. Но од ктиторот и семејството е останат само фрагмент од чевлите, според кои чевли е дојдено до заклучок дека овој ктитор припаѓа на световната (побожна) аристократија. Црквата се одликува со специфичен начин на обработка на фасадите, денес видлив само во долните делови на западниот и јужниот ѕид. По изведбата на ѕидовите било изведено малтерисување и боење на фасадите со цел да се постигне побогат изглед. Ваквиот начин на обработка е пристигнат преку византиската градителска традиција. Црквата Св. Ѓорѓи своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фрескоживопис. Фрескоживописот од дванаесеттиот век е сочуван скоро во целост, освен уништениот дел од претставите во првата зона на северниот ѕид и дел од јужниот, како и горниот дел од третата зона. Според науката, тоа е времето на владеењето на Комнините со Византија кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста цариградска концепција, или измешана со „провинциски“ комбинации. Курбиново не се одликува толку со архитектурата, колку со извонредниот живопис. Тој, освен чисто цариградски елементи во претставувањето на монументално замислениот иконографски распоред на живописот, во одделни композиции или фигури, има внесено нови елементи, што во престолнината Цариград и надвор од неа, никаде не е толку изразито предаден како во Македонија. Тоа е чувството за реалноста на внатрешните доживувања на личностите во драматичните сцени, како што се страдањата на Христос. Тоа е силно изразено во Нерези, кој е речиси современик на Курбиново, во „Св. Софија“ во Охрид — делумно, а во црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново, тоа претставува доминантен елемент. Тука, линеаризмот на комненовскиот стил во уметноста, е плод (бездруго), на разбирањата на домашните зографи и тоа минува во фаза на барокна подвижност. И тоа не претставува пречка да се изразат најсилните внатрешни доживувања, што за целата византиска уметност значи откривање на нови простори во уметноста. Живописувањето на црквата започнало на 25 април 1191 година.[3] Фреските се едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период допираат до нас. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на нерешките мајстори, иако во голема мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот. Сè до крајот на XIII век во македонскиот живопис доминира комненовскиот стил. Според еден запис од „Чесната трпеза“ живописот бил завршен во 1191 година и е сличен на оној во црквата „Св. Врачи“ во Костур. Концепциски живописот е распореден во три зони: во првата зона се насликани поединечни претстави на светители во раст, во втората циклусот на големи празници, а во третата пророци.

Св. Ѓорѓи е споменик на културата заштитен со закон. Сегмент на фреската на светецот Архангел Гаврил „Ангелот од Курбиново“ од оваа црква се наоѓа на позадината на банкнотата од 50 македонски денари.

Тура

(во подготовка)