Серта или Конечка Планина – средновисока планина којашто се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долините на Вардар и Крива Лакавица во Радовишко.
Серта е гранична планина помеѓу двете релјефни целини Ниска Македонија и источно-вардарска група планини и котлини во Штипската околија, на околу 15 км југоисточно од Штип. Позната е и под името Конечка Планина бидејќи започнува кај селото Конче каде и се наоѓа највисокиот врв Волчјак на 1.159 метри надморска височина. Највисокиот дел на планината е над селото Лесковица, и потоа опаѓа во насока на Радовиш. Заедно со планините Градешка Планина, Плавуш и Смрдеш претставуваат планини од Вардарската зона и имаат заеднички правец на динарско протегање од северозапад кон југоисток. Планинските била им се заоблени. Покрај највисокиот врв Волчјак, на Серта уште се издвојуваат и врвовите Кула во средишниот дел и Стракалево (Штркалево – 711 м.) во северниот дел. Просторот кој на север се протега кон реката Брегалница е познат под името Сландол.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Волчјак 1159
Бел Камен 1123
Бели Рид 1107
Крк Џамија 1089
Мал Карадаг 707
Голем Карадаг 928
Степански Рид 895
Кула 935
Коџа Чука 1015
Мурат Мандра 1152
Среден Крак 1000
Штркалево 711
Сиври Тепе 1072
Караѓоз 1078
Планинарски патеки
Велосипедски патеки