Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2.748 м. Најпознати врвови на Шара се: Титов Врв (2748 м), Мал Турчин (2702 м), Бакрдан (2700 м), Љуботен (2499 м), Ливадица (2491 м), Пирибег (2524 м), Езерца (2604 м), Чаушица (2640 м), Бистрица (2540 м), Црн Врв (2580 м), Вртоп (2555 м), Кобилица (2526 м), Големо Шилиџе (2502 м), Караникола (2479 м), Караташ (2478 м), Скакало (2494 м), Голем Срт (2520 м), Плоча (2467 м), Церипашина (2525 м), Карабунар (2565 м), Син Врв (2550 м), Казани (2567 м), Џинибег (2610 м), Трапезница (2599 м), Брустовец (2675 м), Расенгул (2383 м), Лера (2197 м) итн.

На Шар Планина има огромен број на извори. Најзначајни се изворите на тетовска Пена, а најатрактивни се изворите на Камењанска Река кои сочинуваат систем од 8 извори, а целата широчина на извориштето изнесува 28 м, кои се наоѓаат на надморска височина од 2100 м. Сепак, најпрочуен и најсилен и изворот на реката Вардар – Вруток. (700 м н.в. и 50 м ширина).

Шар Планина или скратено Шара (албански: Bjeshkët e Sharrit или Sharrа, латински: Mont Skardus) — еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија.

Самата планина зафаќа повшрина од 1.600 км2. 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Македонија, 43,12% на Косово, а останатиот дел од 0,63% на Албанија.

Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км. Пространото планинско било го сочинуваат две големи и пространи висорамнини – Враца и Рудока.

Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток – запад – југозапад во должина од 76 км. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад – надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Ополе во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа. Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1.600 км2.

Најпознат и најголем водопад е тој на Беловишка Река кој има пад од 43 м. Втор е водопадот кај Лешница со пад од 25 м во близина на Титов врв.

Боговињското езеро е најголемо и се наоѓа во близина на врвот Бориславец на 1936 м н. в., има површина од 66.800 м2, ширина од 225 м, должина од 452,5 м., длабочина од 4,5 м, а при намален водостој, длабочината се намалува до 2,2 м. Се наоѓа во пределот наречен Мала Смрека. Второ е Црното езеро, се наоѓа на 2.122 м н.в., има обем од 825 м, зафаќа површина од 33520 м2, долго е 248, а широко 185 м. Се наоѓа во карпест базен, со ниски и проодни брегови и мирни линии, со исклучок на северниот дел. Трето е Караниколичко езеро или познато и како Голем Ѓол. Toa е едно од поизразитите езера на Шара, и се наоѓа на караниколскиот простор на н.в. од 2.180 м. Има површина од 26 240 м2, долго е 290, широко 115, а длабоко 5,5 м.

На Косовска страна најпознати се Ливадичкото езеро (2173 м) во близина на врвот Ливадица, Јажинското езеро (2180 м) во близина на врвот Езерска Чука, Големото езеро (2400 м) во близина на врвот Бистрица и др.

извор: Wikipedia

Знаменитости

Бакардан 2700
Бистрица 2540
Бориславец 2675
Брустовец 2675
Вртоп 2555
Голем Срт 2520
Големо Шилиџе 2502
Езерска Чука 2582
Езерски Врв 2580
Езерца 2604
Казани 2567
Карабунар 2565
Караникола 2479
Караташ 2478
Кобилица 2526
Лера 2197
Ливадица 2491
Љуботен 2499
Мал Турчин 2702
Пескови 2651
Пирибег 2524
Плат 2398
Плоча 2467
Расенгул 2383
Рудока 2658
Син Врв 2550
Скакало 2494
Титов Врв 2748
Трпезница 2599
Церепашина 2525
Црн Врв 2580
Чаушица 2640
Џинибег 2610
Голема Враца 2582
Челепински Врв 2554
Мала Враца 2536
Маја 2492
Среден Камен 2456
Баба Асаница
Плоча 2450
Бриња Шахит 2480
Бури Шеремтица 2476
Расенгул 2383
Доброшки 2370
Шереметица 2342
Црн Камен 2320
Лера 2197

Активности

Планинарски патеки

Велосипедски патеки