Осој планина или Ивање – планински и топографски предел во Македонија, во кањонот Матка на реката Треска, недалеку од Скопје. Името Ивање потекнува од некогашното истоимено село, кое се сретнува во средновековните извори како село во посед на манастирот Свети Андреја.
Ивање е планински предел кој се издигнува веднаш над левиот брег на реката Треска во кањонот Матка. Всушност, Ивање е назив за југоисточната падина на планината Осој, која се надоврзува на венецот на планината Сува Гора кон североисток. Правецот на протегање на падината Ивање е како и на планината Осој, полунапореднички односно во правец југозапад – североисток, со наклонетост кон запад и северозапад. Составот на почвата е најчесто каменест и карпест, односно карст со изразена планинска кафеава и глинеста почва. Непосредно до реката Треска, релјефот е изразиот клисурест со стрмни карпи и долови, обраснати со разновидни растенија и камењар. Од растенијата во најголем дел се застапени листопадните и нискостеблестите грмушки како што се: даб, јасика, дива лоза, зеленика, а во помал дел и зимзелените дрвја како елка, смрека и бор. На повеќе места избиваат бројни слаби извори на вода, која е со добар квалитет и повремено предизвикува одрони на карпи и помали лизгања на земјиштето. Во североисточниот дел пред почетокот на клисурата застапени се повеќе зарамнети тераси и врвови, со бујна вегетација, поволни за сточарство. На самата падина постојат неколку планинарски и алпинистички патеки, како и четири средновековни црковни храмови и останати старини кои привлекуваат голем број на туристи.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Раса 1369
Суогоре 1327
Илин Гроб 1348
Крстец 1401
Планинарски патеки
Велосипедски патеки