Јабланица — висока планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.

Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област. По сртот на планината се протега македонско-албанската граница, при што источната падина е во Македонија, а западната падина од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 м за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 м.Највисок врв е Црн Камен, со 2.258 м. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м).

До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината, но и преку Горна Белица (препорачана рута). Оддалечена е 14 км од Охридското Езеро и градот Струга. На Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец од север кон југ со должина на планинското било од околу 35 км, а најголемата широчина во Македонија изнесува 7,5 км. На македонска страна зафаќа површина од 255 км2.

Ова е млада венечна планина, образувана со тектонските олигомиоценски движења. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни леднички облици. За време на ледениот период, високите делови биле зафатени со интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера: Вевчанско, Подгорско и Горно и Долно Лабунишко.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Црн Камен 2258
Стрижак 2233
Крстец 2186
Чумин Врв 2125
Радуч 2083
Камењар 2059
Пупуљак 2054
Незирица 2054
Слепчарен 2018
Вишарица 1987
Голубов Камен 1973
Стрмница (Луковски Камен) 1908

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки