Малешевска Планина – средновисок планински венец во источниот дел на Република Македонија и Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Припаѓаат на грaмадните планини од Родопската маса. Должината на главното било изнесува 32 км, а површина на планината е 315 км2. Билата се заоблени, без јасна определеност и издаденост на сртот, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), кој што ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија. Брегалница и Ратевска Река длабоко се всечени во старите палеозојски карпи — некаде речиси кањонски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со букова и дабова шума.

Влаинска Планина со највисокиот врв Кадиица и Малешевска планина може да се сметаат како дел од Малешевко-Влаински планински масив.

Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема Беровската Котлина се покриени со неогени наноси. Преку билото на планината минува делумно македонско-бугарската граница. На највисоките делови се наоѓа изворишниот дел на реката Брегалница, каде се наоѓаат и неколку водопади, кои поради својата убавина се туристичка атракција.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Влаинска Планина:
Кадиица 1932
Ајдучки Рид 1615
Вртешка 1551
Обел 1291
Сараево 1223
Мехмедов Бор 1336
Врапчик 1384
Тутуровица 1423
Рујковица 1357
Занога 1577
Буковик 1723
Кадин Бунар 1793
Гуштеница 1568

Малешевска Планина:
Џами Тепе 1801
Ченгино Кале 1748
Гола Чешма 1743
Чаршија 1724
Голем Требомир 1620
Љутакот 1531
Небојша 1681
Бел Камен 1576
Голо Брдо 1563
Буква 1569
Клепало 1406
Пецов Чукар 1490
Влатиште 1443
Мурите 1412
Бабин Чукар 1403
Пршкаров Чукар 1307
Енебежица 1287
Касаплија 1256
Близнаков Чукар 1203
Петлец 1352

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки