Беласица – планина во југоисточниот дел на Македонија и е поделена меѓу државите Македонија (35%), Грција (45%) и Бугарија (20%). Во Македонија, оваа планина почива во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток – запад и должина од над 70 км. Спаѓа во групата најстари планини не само во Република Македонија, туку и на Балканскиот Полуостров. Настанала за време на создавањето на Родопските Планини. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура, планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.

Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад, Струма на исток, Струмичката Котлина на север и Дојранската и Серската Котлина на југ. Според висината, таа спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е Радомир (Калабак) – 2.029 метри, наречен по царот Гаврил Радомир, син на царот Самуил. На врвот Тумба се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција. Тука е поставен граничен камен во вид на пирамида, што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. Банско. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 °С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во Македонија. На падините на Беласица се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија – Смоларскиот водопад.

Смоларски водопад

Смоларски Водопад е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Смоларскиот Водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Радомир (Калабак) 2029
Тумба 1881
Ботра 1880
Сечена Скала 1687
Семер Кајас 1877

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки