Караорман – средновисока планина што се протега во западна Македонија. Името на планината потекнува од турските зборови кара – црна и орман – шума. Се протега во меридијански правец север – југ, помеѓу долината на Црн Дрим на запад и долините на Песочанска Река и Сатеска на исток. Највисок врвови се Ржански Рид (2.145 м), Алипашица (1.888 м), Лисец (1.755 м), Орли Врв (1.794 м). Доста е пошумен, по што го добил и името. Караорман е формиран со набирање во текот на терциерот и заедно со планината Стогово претставува една целина која се протега како венец со оформен синклинален блок во форма на хорст. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, додека на повисоките делови се наоѓаат варовници. Во правец север–југ планинското било постепено се спушта во Охридско-струшката Котлина.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Орли Врв 1794
Ржански Рид 2145
Попова Ливада 1714
Ајров Аргач 1768
Алипашица 1888
Лисец 1755
Бели Камен 1619
Славеј 1714
Гола Краста 1683
Ајмас 1673
Ѓуглиница 1352
Брегоштица 1393
Старец 1420
Смакички Рид 1424
Сливица 1526
Планинарски патеки
Велосипедски патеки