Извор – село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево. Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри. Младото село Извор се наоѓа на патот Кичево-Охрид и на некогашното железничка линија со тесен колосек до Охрид. Основано е во горниот дел на долината на Треска, околу врелото Извор, по кого го добило и името. Земјиштето на кое е основано селото било атар на соседното планинско село Душегубица. Селото било основано по Втората светска војна, околу некогашната железничка станица на пругата Кичево-Охрид. По капитулацијата на Италија во Втората светска војна кај селото се воделе борби меѓу партизанските единици и фашистичката војска. На 5 октомври 1943 година борбата траела цел ден, по што поголем дел од фашистичките војски биле протерани од селото и од Кичево. За време на борбите селото Извор е палено неколкупати. Најжестоките борби за ослободување на кичевскиот регион, а со тоа и на селото Извор се воделе во мај 1944 година.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина:











