Козјак планина (Козјачија) се издига помеѓу долината на реката Пчиња на север и запад, Крива Река на југ и нејзините притоки: Мала Река и Бистрица на исток. Планинското било, кое е долго околу 15 км, има лачно протегање така што од првичен правец запад-исток, постепено скршнува кон југ.

Во најголем дел, Козјак е составен од стари прекамбриумски и палеозојски кристалести карпи и тоа: гнајсеви, микашисти и шкрилци. Јужниот дел од планината пак е изграден од вулкански карпи, претежно андезити. Во релјефен поглед претставува планина од громаден тип, ограничена со раседи. Повисоките делови претставуваат стари зарамнини со височина од 800-1000 м. Врвовите се ниски и заоблени. Највисок врв е Перен со 1326 м.

Под влијание на човечкиот фактор, најголем дел од планината е оголен, поради што се застапени силни ерозивни процеси. Затоа најголем дел од водотеците на планината Козјак имаат пороен карактер и преку лето се без вода. Силните ерозивни процеси, оголеноста и безводноста се причина Козјак да е речиси целосно раселен простор. Во јужниот дел на планината Козјак, кој е изграден од вулкански карпи, на главното зарамнето планинско било, се наоѓа и природното езеро од вулканско потекло, Мокро Езеро.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Перен 1326
Чука 1320
Вирови 1284

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки