Дешат – планина на македонско-албанската граница, дел од веригата Шар-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.Највисок врв е Веливар (Вели Врв) со 2.373 метри. Други високи врвови се Дели Сеница и Сува Бара. Има неколку мали леднички езера. Најпопуларно е езерото Локув, кое се наоѓа на североисточниот дел на планината на 1.560 метри надморска височина и е најниско ледничко езеро во Македонија. Од источната страна тече реката Радика, која ја дели од Бистра и Стогово. Поголем дел од планината е во подрачјето на Националниот парк Маврово.

Планината Дешат го зафаќа средишниот дел од корабскиот планински масив (венец), протегајќи се од истоимениот високопланински преслап Дешат (1976 м) и долината на реката Жировница (Валавичарска Река), која воедно ја одделува од планината Кораб на север, до високопланинскиот преслап Сува Бара (2080 м) и долината на Требишка Река која ја одделува од планината Крчин на југ. Вкупната должина на планинскиот срт изнесува 7 километри. На исток оваа планина се протега до котлинското дно на реката Радика, а на запад до источниот рабен дел на Пешкопејската Котлина во соседна република Албанија. По најависоките точки од планинскиот срт минува македонско-албанската граница, а целата источна страна на планината Дешат и припаѓа на територијата на Македонија, додека западната припаѓа на Албанија. Вкупната површина што и припаѓа на територијата на Македонија изнесува 53 км2. Најниската точка на планината Дешат на територијата на Македонија се наоѓа при вливот на Требишка Река во Радика на надморска височина од 680 метри, а највисоката е врвот Веливар на 2372 метри.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Веливар 2375
Дели Сеница 2258
Иноска 2188

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки