Планината Кожуф зафаќа површина од 893 км2. Се протега на територијата на две држави: (Република Македонија и Република Грција), при што во границите на Република Македонија, Кожуф опфаќа територија од 80 проценти а останатите 20 проценти се во територијата на Република Грција. Кругот на територијата на планината Кожуф започнува од најсеверната точка-вливот на реката Бошавица во реката Вардар кај Демир Капија. Границата оди по течението на реката Вардар а од десната страна е најимпозантниот дел-кањонот на Демиркаписката клисура. Ја преминува државната граница на Република Македонија и во близина на селото Љумница (850 м.н.в) на територија на Република Грција продолжува на запад одвојувајки ја планината Пајак, северните страни на Мегленската долина и доаѓа до седлото Пуљевец (1165 м.н.в) продолжува кон Мрежичко. Тука е границата со Козјак планина. Од Мрежичко преку Мушов Гроб (1019 м.н.в) ја зафаќа северната страна на висорамнината Витачево, доаѓа до реката Бошавица.

Кожуф се протега во правец југозапад-североисток и има заоблено и нерасчленето планинско било. Поточно, планината Кожуф има две главни била како продолженија на Ниџе преку Козјак и тоа во два правца, југозапад и североисток. Од Пуљевец (1165 м.н.в) доаѓа до седлото Орлов вис (1627 м.н.в) преку врвот Коњска глава (1836 м.н.в) доаѓа до третиот по височина врв Дудица (2132 м.н.в). Отука главното било продолжува кон седлото Порта (1845 м.н.в), доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф – Зелен Брег (2171 м.н.в) потоа се спушта до седлото Марково Езеро (2035 м.н.в) за да искачи до Морето или К-92 (2102 м.н.в.), па преку Мала рупа (2004 м.н.в) и преку Сува рупа (1960 м.н.в) да дојде до селото Љумница.

Кожуф изобилува со огромен воден потенцијал од која извират многубројни реки. За планинарите и љубители на планината реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. На Кожуф сè уште опстојува рисот како редок и заштитен вид. За жал од страна на криволовците веќе 2-3 децении го нема еленот, а одвреме навреме се појавува мечката која во потрага по помирни места мигрира од планини во Грција и Македонија кон Кожуф. Растителниот свет е богат со најразновидни видови, но најатрактивни се лековитите билки и дрвото (Arbutus andrachne) или во народот познат како „гол човек“, кој е заштитен со закон. „Гол човек“ е ендемски вид зимзелено дрво чија кора е со црвена боја и лушпеста, а која се менува двапати годишно.

Извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Орлов Вис 1627
Коњска Глава 1836
Дудица 2132
Порта 1845
Зелен Брег 2171
Марково Езеро 2035
Морето (К-92) 2102
Мала Рупа 2004
Сува Рупа 1960
Пиново 2166
Зена 2065
Двете Уши 1766
Галчин 1472
Орле 1480

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки