Голак — средновисока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево и на кој се наоѓа игралиште за фудбал, кошарка и тенис. Истоименото детско одморалиште располага со 230 легла и кое моментално не е во добра состојба. И покрај делумните пошумувања, сиромашна е со шуми. Располага го голем број на билки и чаеви кои се берат од месец април па сè до месец октомври како што се жолт и црвен Кантарион, Мајчина Душица, Бела Рада, Ајдучка трева, Бозел, Шипинки, Капини, Диви Јагоди, Подабиче, Нане, Јаглика итн. Се среќаваат голем број на печурки меѓу кои и јадливите Врган, Лисичарка, Буковка, Срндак итн. На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, кафеав орел, понекоја срна како и повеќе видови на глодачи. И покрај тоа што не е многу богат со вода сепак на падините на Голак се наоѓаат неколку извори на вода како и две поголеми вештачки езерца кои служат како вода за наводнување на земјиштето како и за пиење на вода во Општина Делчево, тоа се езерата Лошана (за пиење вода) и езерото Петрашевец (за наводнување). На најдолниот дел на Голак тече најголемата река во источна Македонија реката Брегалница која на крајниот дел на планината Голак ја формира големата акумулација Калиманци.
Обозна — средновисока планина во источна Македонија, со највисок врв Јастребник (1.278 м). Се протега во правец север–југ во должина 9,5 км. Се наоѓа помеѓу Кочанската Котлина на запад и Разловечката Клисура на исток, низ која тече реката Брегалница, одделувајќи ја од Бејаз Тепе (1.314 м). Од југ со Калуѓерска Река и превојот Обозна (933 м) е одвоена од Плачковица, а со превојот Мерилов Рид на север е одвоена од планината Голак.
Средна — мала средновисока планина во источна Македонија, меѓу долините на реките Брегалница и Желевица. Највисок врв е Бејаз Тепе со наморска височина од 1.348 м. Планината Средна се наоѓа на југ од Делчево и северозапад од Пехчево. На запад е оградена од долината на Брегалница каде се наоѓа селото Разловци, на исток е оградена од долината на реката Желевица и селото Нов Истевник каде се наоѓа регионалниот пат кон Пехчево и Берово, додека на север се отвора котлината Пијанец каде е сместено селото Тработивиште, а на југ се отвора Малешевската Котлина каде е сместено селото Робово. Лежи неколку километри западно од границата со Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Зафаќа површина од 68,6 км2,[1] од која поголемиот дел административно припаѓа на Општина Делчево, а помалиот на Општина Пехчево. Има многу слабо определен срт на протегање во правец север – југозапад со многу разгранувања и долови кон исток и запад. Врвовите се благи и зарамнети без голема издаденост и определеност, обраснати со шума до самите сртови. Покрај највисокиот врв Бејаз Тепе, на планината Средна има уште неколку врвови повисоки од 1000 метри: Робоски Бричак (1311 м.н.в.), Стредна (1298 м.н.в.), Било (1296 м.н.в.), Грбавец (1259 м.н.в.), Калуѓер (1239 м.н.в.), Баждарова Чука (1228 м.н.в.).
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Голак Планина:
Чавка 1536
Стамболиска Чука 1319
Побиен Камен 1333
Обозна Планина:
Шулевец 1184
Скалици 1204
Јастреб 1276
Катуно 1134
Гарван 1126
Средна Планина:
Бејаз Тепе 1348
Стредна 1038
Грбавец 1259
Калугер 1240
Робевски Бричак 1311
Планинарски патеки
Велосипедски патеки