Билино или Билина – средновисока планина што се протега во крајниот североисточен дел на Македонија на границата со Србија. Точните граници на планината тешко можат да се одредат поради големата десецираност на релјефот. На север се надоврзува Чупино Брдо, кое морфолошки не се разликува многу, па може да се смета за дел од Билино, додека на југ преминот од планината Герман е сосема незабележителен. Главното било се протега во правец север–југ во должина од 15 км, со отклонување кон исток. Највисок врв во јужниот дел е Стража (1.547 м), додека во северниот е Чупино Брдо (1.703 м). Пониските делови се под шума – даб и бука, а повисоките се под пасишта.

Герман – средновисока планина во крајниот североисточен дел на Македонија, помеѓу котлината Славиште на југ, долината на Пчиња на север, планината Козјак од запад и масивот Билино од исток. Највисок врв е Модра Глава (Герман) (1.390 м н.в). Височината на главното било кое има правец на протегање сз–ји е изедначена на околу 1.300 м, а само наместа се издигаат височинки. Во наведениот правец тоа е долго 9 км. Припаѓа на Родопскиот планински систем, односно таа е од тип на стара грамадна планина. Геолошкиот состав е претставен со: гнајсеви, микашисти, зелени шкрилци и др. Неговите страни се дисецирани со голем број речни текови. Планината е сиромашна со шумска вегетација, поради што се активни рецентните ерозивни процеси. Во највисоките делови е сместено селото Герман.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Бошанов Камен 1545
Стража 1547
Чупино Брдо 1703
Ретки Буки 1525
Модра Глава 1390

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки