• Должина во правец: 25 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.200 м
  • Почетна точка:

    Кружна МТБ тура на Бистра од 45 КМ. Почетна точка с. Леуново

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Леуново – село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Селото Леуново се наоѓа во Мавровската Котлина, на источниот брег на Мавровското Езеро. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.

Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри.

Во близина на селото се наоѓа и браната „Леуново“, која е составен дел од мавровскиот хидроенергетски систем. Самата брана била обновена во текот на 2013 година, при што била зајакната нејзината градба, а самата целина била хортикултурно средена, а на самата брана била изградена патека.

Селото првпат се споменува во текот на XIII век во грамотата на Константин Тих. Според мештаните, селото првобитно се наоѓало во месноста Ѓоновица, каде се среќаваат остатоци од средновековна населба. Во поновата македонска историја, од Леуново потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, при што самото село поднело 15 жртви. На 21 август 1943 година, селото е целосно запалено и изгорено од страна на балистичките банди.

Цркви:
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – главна селска црква

Споменици:
Споменик „Стрелање“ – посветен на жртвите од НОБ, изработен од страна на вајарот Томе Серафимовски

Археолошки наоѓалишта:
Ѓоновица – средновековна населба
Долномаалски Гробишта – средновековна црква
Сув Дол – средновековна црква и некропола

Знаменитости:
Студенче

Тура:

Турата ја започнуваме од Ски Центарот Маврово, каде возиме околу Маврвско езеро до с. Леуново. Од Леуново започнува земјен трасиран пат со блага угорнина во правец кон врвот Сандакташ. Го одминуваме излетничкото место Студенче каде надаполнуваме резерви со студена вода и возиме низ шума во длабока сенка покрај реката Лисолај. Иако оваа тура е утврдена како средно тешка тура, на почетокот е навистина задоволство да се упрваува МТБ во дебела синка низ шумата и умерена угорнина. Шумата во овој дел изболува од диви капини и малини во овој период од годината (крај на Август). Во близина на изворите на Петилебска река над Никифорово во подножјето на врвот Сандакташ завршува шумскиот појас на надморска визочина од 1650 метри и продолжуваме понатаму во правец на врвот Ќурков Дол. Тука завршува задоволството на мек земјен пат и сенка и возиме по подлога од големи дробени камења и силни сончеви зраци. Возиме под врвот Мали Шар и по изминати вкупно 30 КМ пристигнуваме до Бачилото Чавкарник и истоимениот врв. Со наоѓаме во срцето на бескрајните пасишта на Бистра со прекрасен поглед кон величенствениот Ќурков Дол. Пресретнуваме неколку стада овци и нивните чувари, но наместо очекувана реакција од кучињата чувари, секој од нив пронашол мала сенка во грмушка и немо го набљудуваат нашето поминување. По изминати 33 КМ и на повидок ски лифтот Галички, правима поголема пауза во малата црква и по изминати 36 КМ се приклучуваме на асфалтираниот пат кон Галичник кај преминот Царевец. Доколку се одлучите да ја возите оваа тура препорачуваме мин. 2 литри вода по човек и максимален притисок на гуми предна / задна: 1,8 бар / 2,0 бар. (+ резервна во ранец и алат за промена).

Бачило Чавкарник – с. Галичник (9 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот