Планината Стогово се наоѓа меѓу долината на Црн Дрим на запад и Сатеска од исток. На север и исток Стогово се надоврзува со планината Бистра, а на југ преку врвот Бабин Срт (2240 метри надморска височина) се надоврзува на планината Караорман. На север е ограничена со Мала Река, Гарска Река, Јамска Река и превојот Јама, а на југ преку Караорман допира до Охридско-струшката котлина.На запад и југозапад падините на Стогово ги оградуваат Дебарското поле и долината на реката Црн Дрим односно областите Дримкол и Малесија, додека пак на исток и југоисток ги оградува Кичевската Котлина и северниот дел на областа Дебрца. Се протега во правец северозапад-југоисток.Планината е млада верижна со остри сртови и припаѓа на Шарскиот планински систем. Сртот е јасно изразен по целата должина, на места е заоблен, а наместа остар и слабо расчленет.Планинската страна свртена кон север од почетокот благо се спушта, а потоа стрмно паѓа кон долината на Мала Река и нејзините притоки Гарска и Јамска Река.Највисоки врвови се Голем Рид – 2273 метри надморска височина, Бабин Срт – 2241 м.н.в., Стогово – 2218 метри, Канеш – 2216 м.н.в. и а има уште 7 други врвови повисоки од 2000 метри.
Стогово е млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза. Во геолошкиот состав се сретнуваат филитоиди, зелени шкрилци, карбонати, глинци, рожнаци и сл. За време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со глацијација и денеска на неа се јавува леднички (леднички) релјеф како циркови, валови и морени. Во цирковите се јавуваат три леднички езера: Горно и Долно Езеро и езерото Маруша. Застапеноста на флората е „по катови“ односно во подножјето се застапени листопадните букови и дабови шуми, кон врвот тие се заменети со боровите зимзелени шуми, а самите каменести врвови се опкружени со високотревнати пасишта познати под името „алпски пасишта“. Бројни пасишта и бачила има на зарамнетото било на планината наречено Голема и Мала Мегданица која е опркужена со врвовите Голем Рид на запад, Бабин Срт на југ и Стогово на исток. Во 2012 година, на источните падини на Стогово во Кичевско во два наврати биле пронајдени единки на рис, во рамки на истражувањето на рисовите во Македонија.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Голем Рид (Бијак Дорок) 2273
Бабин Срт 2241
Стогово 2218
Канеш 2216
Крастица 2014
Кокошкина Краста 2126
Планинарски патеки
Велосипедски патеки