Буковиќ или Буковик – средновисока планина во областа Горно Кичево во западна Македонија.

Сместена е меѓу Полошката Котлина на север, Кичевската Котлина на југ, планината Бистра на запад и масивот на Добра Вода односно Челоица на исток. Планината е мала по површина, со 79 км2, и понекогаш се смета за дел од масивот на Сува Гора.

Во средишниот дел, Буковиќ има поголем број карстни суводолици и вртачи. Главното било се протега во правец северозапад-југоисток, во должина од околу 10 км. Највисок врв е Тепе, со 1.528 м, а други повисоки врвови се Буковиќ (1.518 м), Чингирли Рид (1.441 м) и Колари (1.425 м). Источниот дел на планината се смета за посебен дел, и се нарекува Корито.

Во орографските описи на книгата Материјали по изучувањето на Македонија од македонскиот револуционер Ѓорче Петров е даден поопширен опис за Буковиќ при што е запишано дека таму каде што Шар Планина свртува кон југозапад, започнува и ниската и гола планина Влаиница, којашто се протега на исток, а како нејзино продолжение е Буковик, висока планина којашто во југоисточен правец се спушта близу до Кичево. Во југоисточниот крај на Влаиница, имено, таму каде што таа се среќава со северниот крај на Бистра (тоа е кај изворот на Зајашка Река), започнува Буковик, којшто свртува на југоисток и завршува на 1,5 часа над Кичево. Буковик е на половина повисок од Влаиница. Билото му е остро. Низ неговата средина има преслап по којшто минува патот Гостивар – Кичево. Северната падина на Буковик е доста налегната. Неговите падини од југ го оградуваат Гостиварското Поле и достигнуваат до самиот Гостивар. По средината таа падина е длабоко пресечена од реката Лакавица. Целата северна страна на Буковик е покриена со дрвја, најмногу букови, од коишто и го добил своето име. Планината е населена со Арнаути, поради што е опасен и страшен за патување. Јужната падина на Буковик од кај Кичевско е помалку налегната. Таа е сосема гола, каменеста и безводна. Како што од северната страна Буковиќ има бодар, дури страшен изглед, од јужната страна од кај Кичевско тој има мрачен и непријатен изглед. Тој служи како вододелница меѓу Вардар преку неговата притока Лакавица и Велика (Треска) преку нејзината притока Зајашка Река.

Знаменитости:

Запод – карстно поле
Убавица (Ѓоновица) – една од најдолгите и забележителните пештери во земјата, заштитена како споменик на природата

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Тепе 1.528 м
Буковиќ 1.518 м
Чингирли Рид 1.441 м
Колари 1.425 м

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки