Сува Гора – стара грамадна планина во северозападниот дел на Македонија. Во нејзините подножја се Полошката Котлина од западната страна и долината на реката Треска од источната страна.

Сува Гора претставува типичен карст издигнат помеѓу котлината Полог на запад и кањонската клисура на реката Треска (сега еден дел од неа е езерото Козјак) на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и тетовската суводолица. Планината со неотектонските движења е зафатена со рамномерно издигање на целата површина. Нејзиното било претставува пространо широко и разбиено карстно плато на височина од 1.600 метри, која кон југ од врвот Кодра Таурли, висок 1.857 метри, се спушта кон селото Корито. Се протега во правец запад-југ, запад-север-североисток. Богата е со варовници, развиени се сите површински карстни облици, меѓу кои доминираат вртачите, а се среќаваат и неколку мали карстни полиња.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Дупен Камен 1857
Кодра Таул 1853
Фојник 1421
Табахон 1748

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки