• Должина во правец: 17 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 7 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.800 м
  • Почетна точка:

    Велушки Манастир

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Велушки манастир – манастир во близина на битолското село Велушина. Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина. Манастирот се наоѓа над селото, на десната страна од Велушка Река. Од селото е оддалечен неполни 2 километри во западна насока, сместен на едно возвишување од каде се гледа целиот јужен дел од Пелагониската Котлина.

До манастирот води тесен асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Барешани. Во комплексот се влегува низ големата манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од црквата. Манастирот е прогласен за споменик на културата во 1952 година.

Манастирот бил подигнат во XIX век, поточно во 1839 година. Манастирот бил разрушен за време на Првата светска војна, а по завршувањето на војната бил обновен. Манастирот е составен од трикорабната црква „Св. Ѓорѓи“, малата црква „Покров на Пресвета Богородица“, камбанарија, помошни објекти и конаци. Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.

Тура

(во подготовка)

Велушки Манастир – врв Баба (13 км)
врв Баба – врв Шкамби и Рофес (4 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот