Самево Езеро (меѓу населението познато како: Езерче) – ледничко езеро на планината Дешат. Тоа е најниското постглацијално езеро во Македонија. Наречено е Самево Езеро во чест на македонскиот поет Саме Лимани – Жарноски, од страна на проф. д-р Драган Василески.
Самевото Езеро се наоѓа во северниот дел на планината Дешат, од десната страна на долината на реката Жировница, југозападно од истоименото село, на надморска височина од 1435 метри, со што тоа е најниско постглацијално акумулативно езеро во Македонија. Од селото Жировница до селото може да се стигне по земјен колски пат и скршнување непосредно од него кон север во месноста Горна Страна. Непосредната пристапност на езерото е добра, бидејќи тоа е пристапно од сите страни. Целиот околен простор и самото езеро е опколено со многу густа букова шума.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Патеки во близина:
с. Видуше – врв Скала (7 км)
врв Иноска – врв Веливар (+ 2 км)
врв Иноска – Самево Езеро (5 км)
врв Иноска – с. Жировница (9 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот