Планинарски патеки
Тука ги обработуваме сите планинарски патеки во Македонија. Со секоја патека ќе објавиме GPS запис, краток опис на патеката и сите информации кои се неопходни пред да тргнете. Ги има повеќе од доволно: ние до сега знаеме за над 200 врвови над 2000 мнв (само на Шар Планина има 167 врвови над 2000 м), а некои сè уште и немаат име.
Велосипедски патеки
Велосипедски патеки безбедни за целото семејство? Да, има… Ќе ги пронајдеме, истражиме и ќе ги постираме тука. Велосипедската патека на кејот на Вардар веќе ни е здодевна, а и не е повеќе велосипедска со оглед на тоа што цели семејства пеш си одат по неа, па нема потреба да ризикувате. Велосипедите на кров и ТУРНИМЕДАКИНИСАМ.
СУП и Кајак
Не дека сме некои професионалци на оваа тема, но минатото лето за прв пат крстаревме по Охридско Езеро. Дивите плажи кои ги посетивме со СУП ни го свртеа умот и се запрашавме како тоа сиве овие години сме мислеле дека го знаеме Охридско што би се рекло „уздуш и попреку“. Ама не било така… Возењето СУП или кајак е незаменливо искуство и близината на природата може да се почувствува единствено со овие две превозни средства (заборавете на глисери и чунови). Ќе испитуваме и други локации: stay tuned!
Турно скијање
Нашите планини нудат извонредни можности за турно скијање. Бидејќи ние сеуште се опремуваме, се надеваме дека некој од вас кој активно се бави со турно скијање ќе се вклучи со неколку постови на оваа тема.