• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 880 м
  • Почетна точка:

    Превој Стража

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Убавица или Ѓоновица – пештера на планината Буковиќ, над стариот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица.

Името „Убавица“ е дадено поради изразитиот сталагмит во облик на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси.Другиот назив на пештерата доаѓа од самата месност, по која се наречени и двете блиски села.

Пештерата е настаната е вдолж раседна линија, во правец север – југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Убавица е ретка со својот раскош, со безбројните фигури од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, неколку галерии, столбови, ишарани тавани, разновиден пештерски накит, канал со вода, езерца, водопад висок седум метри, пет врела и уште облици и во должина од над петстотини метри.

Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. За време на пролетните месеци при топењето на снегот и висок водостој, водите од подземниот водотек се излеваат и истекуваат од пештерата течејќи како силна река и поплавувајќи го патот и околината. Покрај многубројните и разновидните пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10×13 м), во која се наоѓа подземен водопад висок 5 – 6 метри.

Покрај лилјаците, во пештерата е застапен ендемскиот вид Ceuthophilus Bukoviki од семејството на пештерските штурци (Rhaphidophoridae).

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Горна Ѓоновица – Пештера Убавица (1,5 км)
с. Долна Ѓоновица – Пештера Убавица (2,5 км)
врв Тепе – Пештера Убавица (7 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот