Тони Вода – карстно поле и висорамнина на планината Бистра, во кое се наоѓа понор во кој тоне водата поради, што го добило името Тони Вода. Се наоѓа помеѓу Маврово и врвот Царевец на североисток и Галичник и врвот Меденица на југозапад и низ него минува асфалтниот пат кој ги поврзува овие две места.
Кога се патува кон Галичник, веднаш по напуштањето на областа Царевец, се појавува пространа висорамнина со мали езерца, и во следните 2 километри патот води низ неа. Позната е како Тонивода поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува меѓу камењата и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец. Објаснувањето за пропустливоста на камењата е едноставно – Тонивода претставува огромно карстно поле, второ по големина на планината Бистра, иако и самата рекичка која минува низ неа исто така е позната како Тонивода. Поради константната загуба на вода, за време на доцната пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди без врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода.
Планината Бистра е едно од најкарактеристичните планински подрачја во Македонија во кои доминираат карбонатните карпи, а со тоа и карстниот релјеф. Нејзините високи предели претставуваат пространи флувијално-карстни површини, каде на еден релативно мал простор во тријаските варовници се создале сите карстни форми, меѓу кои како најголеми се издвојуваат карстните полиња. Од нив, поради својата површина но и специфични вредности, се издвојува карстното поле Тони Вода. Тони Вода е висорамнина и активно карстно поле кое се наоѓа во северозападниот дел на планината Бистра, веднаш над селото и викенд-населбата Маврово, од двете страни на патот што води кон Галичник. На северозапад и југоисток се граничи со месностите Чаушица и Смрдливи Вирој, додека на североисток и југозапад се простира до превалите Царевец и Фрчец. Дното на полето лежи на просечна надморска височина од 1.680 метри.
Тура
Турата за започнуваме од преминот Царевец, веднаш под видиковецот каде постои место за паркинг на 1-2 возила. На тој начин кратиме околу 7 КМ и 500 метри висинска разлика и го избегнуваме делот со стрмни кривини кој започнува од Маврово. За кратко го одминуваме врвот Царевец и пристигнуваме на прекрасното карстно поле Тони Води каде во видно поле се наоѓа и скилифтот Галички. Од десната страна над нас надвиснуваат падините на врвот Меденица – возиме на надморска височина од 1800 м. и на уживањето му нема крај. На половина пат е лоцирано бачило кое е активно во овој период од годината (октомври) и тука можете да купите галичко сирење. На неколку киломтери пред Галичник започнува блага удолнина и се појавуваат врвовите Крчин и Дешат. Пристигнуваме во Галичник и возиме кон хотел Неда на заслужен одмор – идеално место за одмор и фоткање на планините Стогово, Крчин и Дешат. Од с. Галичник постои можност за продолжување на турата кон с. Лазарополе и с. Тресонче, но за тоа ви требаат MTB точачиња и добра кондиција (MTB Маврово Треил – Бистра).
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: