Маврово – национален парк во западна Македонија кој зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Како национален парк е прогласен во 1949 година и неговата географска положба е 41°40’N и 20°46’E[1]. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро.
Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми: речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери, циркови, леднички езера, разни видови на денудациони облици и сл. Од растителноста на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. Во границите на националниот парк Маврово се наоѓаат преку 52 планински врвови со надморска висина над 2000м од кои попознати се врвот Меденица на планината Бистра, Веливар, Сандакташ и др. Посебно значење за националниот парк Маврово има врвот Голем Кораб (2764 мнв.) кој е воедно и највисок врв во Р.Македонија а со тоа и највисока точка на паркот . Најниската точка на националниот парк Маврово е на 600 мнв. и се наоѓа на самото место каде што Мала Река се влева во реката Радика.
Како резултат на големата разноликост на релјефот, националниот парк Маврово се одликува со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемски, реликтни или ретки видови. НП Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, суриот (златен) орел, шумскиот ут, големиот був, ливадската еја, степската еја, како и 11 видови водоземци, 12 видови на влекачи и 39 видови цицачи. Од цицачите најважни се: мечката, рисот, дивокозата и дивата мачка.
Извор: Wikipedia
Тура
Турата за започнуваме од паркингот на ски центарот Заре Лазаревски во Маврово. Истата ја започнуваме во насока кон с. Никифорово и Леуново што претставува и наша препорака бидејќи секцијата од детско одмаралиште Бунец до браната во с. Маврови Анови каде патот се дели за Дебар која е значително фреквентна со возила, ја поминувате далеку побрзо на овој начин. Оваа тура е иделна за роуд точачиња, но погодна и за сите други видови на велосипеди. Веднаш по стартот на 1-2 км. го одминуваме Бојков Кладенец возиме кон с. Никифорово. Југоисточната страна на Мавровоско Езеро изобилува со шуми, зеленило и вода – скоро на секој километар се влева река или поток во езерото. Ги одминуваме заспаните села Никифорово и Леуново и се до крстосницата кај детското одмаралиште Бунец возиме осамени на патот без да се појави ниту едно возило. Кај Леуново имате прекрасна можност за фоткање каде во позадина кон север надвиснуваат снежните врвови на Кораб. Кај детското одмаралиште Бунец се приклучуваме на регионалниот пат за Дебар, каде фреквенцијата на возила се зголемува, но овој дел го одминуваме брзо бидејќи поголемиот дел е удолнина. Го одминуваме Маврови Анови и уживањето може да продолжи – повторно сме осамени и уживаме во природата и езерските води.
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: