Туденце – село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово. Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Туд во XIV век (1300 г.). Името доаѓа од патронимското име од постаро именување Туд што се поврзува со личното име Туде или Тудор/Тодор. Туденце се наоѓа во областа Долен Полог, сместено непосредно на десната страна на реката Вардар, во јужниот дел на територијата на Општина Јегуновце. Селото е рамничарско, на надморска височина од 385 метри. Низ селото поминува локален асфалтен пат, кој ги поврзува селата Јегуновце и Сиричино, а воедно со асфалтен пат е поврзано и со селото Прељубиште. Туденце е потпланинско село, сместено помеѓу планината Жеден на исток и реката Вардар на запад. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари.
Свети Ѓорѓи Победоносец претставува црква во тетовското село Туденце. Црквата се наоѓа на месноста Бучало и потекнува од 6 век. Таа е најстарата троконхална црква во Македонија и е возобновена на патрониот празник Ѓурѓовден на мај 2012 година.
Старите темели на црквата се откриени во февруари 2004 година. Ден пред тоа на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, му рекол на сонот светецот, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна нему му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа, наоѓалиштето било расчистено. Според професорот Виктор Лилчиќ, црквата потекнува од втората половина на 6 век.
Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. На северната страна од објектот е пронајдена крштилница, а откриена е и мермерна пластика во олтарот. Црквата е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Има површина од 130 квадратни метри.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Туденце – врв Ушајна (6 км)
врв Ушајна – врв Висока (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот