• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 5/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 300 м
  • Почетна точка:

    с. Кучково

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кучково – село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје. Селото се наоѓа во северниот дел од Скопската Котлина, на потегот помеѓу реките Вардар и Лепенец, а во приградската зона на Општина Ѓорче Петров. Селото е ридско, на надморска височина од 560 метри. Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Скопје.

Атарот е среден по големина и зафаќа површина од 23,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.276 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 686 хектари, а на шумите 336 хектари.

Според монографијата на Марко Китевски, селото Кучково првпат се споменува во Грамота на царот Михаил IX Палеолог за манастирот „Св. Никита“ од 1399 година, во која пишува дека кралот Урош му ги потврдил на манастирот имотите, меѓу кои и селото Долно Кучково. За селото пишувал и Јордан Хаџи Константинов – Џинот во еден допис објавен во „Цариградски весник“ во 1855 година, наведувајќи дека по доаѓањето на Османлиите северниот дел на Скопје останал „без Славјани и не е имало кој да ора и да сее земљата. Но некој разумниј Синан паша, кој добро сја е носил с христијаните, мука му е било Скопје да е без Славјани, от кои всичка земља сја е работила. Сам Синан паша, скопски, отишел в Црна Гора приморска, в село Куч, с голема молба и с обештанија мирни и царски фермани, штом да си бидат слободни и земља колку што искале бадијала им дал да дојдат в Скопје да живеат. И тако Кучевљани си дошли в Скопје и нарекле ја таја гора Црна Гора Скопска…“. Во XIX век, Кучково било село во Скопската каза на Отоманското Царство.

Цркви:
Црква „Св. Трифун“ — мала манастирска црква
Црква „Св. Петка“ — мала црква над селото
Црква „Вознесение Христово“ — мала манастирска црква
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна манастирска црква на Кучковскиот манастир
Црква „Св. Недела“ — мала црква над селото
Црква „Св. Илија“ — мала црква над селото
Црква „Св. Атанасиј“ — мала црква над селото
Црква „Св. Јован Крстител“ — мала црква над селото;
Црква „Св. Архангел Михаил“ — се наоѓа југозападно од селото;
Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ — се наоѓа југозападно од селото;

Манастири:
Кучковски манастир — манастир посветен на „Св. Ѓорѓи“ сместен над селото

Археолошки наоѓалишта:
Голема Кула — доцноантички стражарски кастел. Се наоѓа на 1 км. северно од с. Горно Свиларе и ја контролирал алтернативната патна линија од Качаник до Свиларе на Вардар.

Природни реткости:
Девојачки Камењ — карпа во близина на селото;
Миочи — извор на лековита вода;
Коњска нога — месност со дупка поврзана со Марко Крале и Шарец;

Девојачки камен претставува варовничка карпа која се наоѓа на 20-тина километри од Скопје во с. Кучково. Постои верување дека оваа варовничка карпа поседува чудотворма моќ. На ова место доаѓаат доилки кои немаат млеко, но и девојки кои не се мажени, гребнуваат од каменот и правта ја мешаат со кучковска вода. Се верува дека тој напиток поседува чудотворна моќ кај младите мајки и младите девојки кои набргу се мажеле. Во долот под карпата се наоѓаат две изворчиња со лековита вода за кои постои верување дека лековитата вода лекува очни болести. Овие извори се нарекуваат Мијочи, а локалитетот Коњска Нога, бидејќи постои верување дека тука поминал Крале Марко со својот коњ Шарец.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Кучково – Девојачки Камен (3 км)
с. Кучково – Кучковски Водопад (5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот