Скопје – ПД Караџица
ПД Караџица – врв Солунска Глава
Јакупица – Мокра Планина, кога пишуваме за оваа прекрасна планина, секогаш со големо внимание и почит. Искрено Јакупица има посебно место во нашите планинарски срца, а причините се многи: на дофат до Скопје, неистражена и величествена, магична..
И точно е: Солунска Глава е еден од ретките врвови над 2000 м. кој може да го освоите со велосипед (MTB). За тоа сепак ви треба добра кондиција, спремен велосипед и добро планирање и подготовка. Затоа сме тука да ви помогнеме :)
И пред да се предадете на оваа повеќедневна авантура, ние бие препорачал: 3-4 пати (викенди) од Панорама – врв Крстовар на Водно со вашиот велосипед и навремена резервација во планинарскиот дом Караџица. Контакти од домот може да пронајдете долу во футерот на сајтот kajak.mk.
Тура 1: Скопје – ПД Караџица
За оние поспремните, 45 км. и не се толку страшни за да се извозат во 1 ден, но постои и друга можност: Патот од Горно Количани до Црвена Вода е тазе асфалтиран и доколку дојдете со возило и велосипедите на кров, во тој случај Ви преостануваат 22 км од Црвена Вода до планинарскиот дом Караџица. Секцијата од Црвена Вода – Преслап (тука се двои патот за ПД Китка) – рибник Принц е делумно асфалт, делумно земјен пат со големи оштетувања на патот но за добар MTB велосипед, возењето може да ви претставува и задоволство. Од Црвена Вода до рибникот Принц возиме вкупно 11 км и качуваме приближно 500 м. висинска разлика, и тука правиме пауза покрај Кадина Река.
По паузата ни претстојат уште 13 км. и висинска разлика од приближно 500 м. од рибникот Принц, преку викенд населбата Мала Река, викенд населба Алдинци и село Алдинци и конечно планинарскиот дом Караџица со убедливо најубава планинска местоположба во Македонија.
Тура 2: ПД Караџица – врв Солунска Глава
Сигурни сме дека глетките од домот кон планинсиот масив ќе ве примораат да одморите барем еден ден во домот. Локацијата е магична а престојот во домот – морален. Откако се одморивме 1 ден (а можевме и повеќе), поаѓаме кон врвот Солунска Глава, по трасиран земјен пат. Ни претстојат 20 км. возење и качување на 1220 м. висинска разлика, но тоа не е ништо во споредба со гледките и пејсажите кои не пратат до врвот.
Патеки во близина:
(наскоро)