• Должина во правец: 16 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    Планинарски дом Караџица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Солунска Глава или Мокро – планински врв во Македонија на планината Јакупица дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина, со височина од 2.540 м. Солунска Глава од својата јужна страна претставува маркантен алпинистички објект, амфитеатар со широчина од околу 5 km и височина до околу 700 м. На јужната карпа се разликуваат два дела: Источната стена, која е помала и не толку хомогена, и Јужната стена, која е поголема, околу 700 м и далеку похомогена и покомпактна. Карпата по состав е варовник со примеси. Како таква е доста кршлив, и на многу места е густо обрасната со трева.

Кадина Река – река во Македонија, десна притока на реката Вардар. Нејзината должина изнесува 34 километри, а сливното подрачје зафаќа површина од 184 км2. Извира високо на планината Јакупица и протекува помеѓу планините Голешница и Китка на масивот Мокра Планина, помеѓу околините на градовите Скопје (југоисточно) и Велес (северозападно). Кадина Река извира во месноста Јуручка Карпа на надморска височина од 2100 метри на источната страна на масивот на Мокра Планина. Високо во изворишинот дел каде што се спојуваат четирите бујни, брзи и бистри речни потоци Јуручица, Алиагица, Салаковска Река и самиот истек од изворот на Кадина Река, таа го добива својот главен тек кој во целост е со изразит планински карактер. Во горното течение Кадина Река протекува во правец југ-север, а од селото Алдинци па сè до утоката во Вардар.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

ПД Караџица – Извори на Кадина Река (9,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот