Горно Косоврасти – село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар. Селото Горно Косоврасти е планинско село сместено на 1040 метри надморска висина на јужните огранки од источната падина на планината Крчин, над реката Радика од нејзината десна страна. Од градот Дебар е оддалечено 13 километри.
Горно Косоврасти е опркужено со густа дабова, тополова и јасикова шума, како и со голем број на други листопадни дрвја, а поради самиот состав на почвата кој е карстен и варовнички, селото и околината изобилуваат со водени извори со свежа и со минерална вода, на која се изградени познатите дебарски бањи „Косоврасти“. Етнографски селото Горно Косоврасти заедно со Долно Косоврасти, се наоѓаат на самата граница помеѓу областите Долна Река од Реканскиот Крај, односно мијачкиот етнограски предел и Дебарско односно областа наречена Поле Дебарско, брсјачкиот етнографски предел, но сепак во Косоврасти преовладуваат јазично-говорните, културно-фолклорните и обичајно-традициските одлики на дебарскиот крај и брјсачкиот предел со одредени мијачки примеси.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Патеки во близина:
село Горно Косоврасти – врв Црвена Плоча (6 км)
село Горно Косоврасти – врв Рудина (8 км)
село Горно Косоврасти – врв Бајрак (6,5 км)
врв Бајрак – Дебар (7,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот