• Должина во правец: 7,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 850 м
  • Почетна точка:

    с. Ростуше

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ростуше или Ростуша – село и административно седиште на Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Селото се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, непосредно од десната страна на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар. Селото е ридско-планинско, сместено на надморска височина од 720 метри.

Селото е сместено на пониска тераса, на десната страна на реката Радика. Оддалечено е 19 километри североисточно од Дебар и 52 километри југоисточно од Гостивар.

Во селото постојат изворите: Рамова Чесма, Изворница, Крајишта, Бигорец и Двораник. Селото има збиен тип и се дели на краеви. Оддалеку може да изгледа дека е споено со соседното Велебрдо. Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.

По предание за селото се верува дека некогаш на неговото место се наоѓал манастир „Св. Богородица“. Откако манастирот замрел и бил пренесен во Бигорскиот, црквата била претворена во џамија. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ била возобновена повторно како црква во 1912 година. Во XIX век, Ростуше било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Археолошки наоѓалишта:
Дубје — средновековна некропола;
Св. Јован Бигорски — средновековна црква; и
Св. Богородица — средновековна црква и некропола.

Цркви:
Црква „Св. Јован Крстител“ — главната манастирска црква на Бигорскиот Манастир;
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква од XIX век; и
Црква „Св. Архангел Михаил“ — црква од XIX век.

Манастири:
Бигорски манастир — средновековен манастир во близина на селото

Џамии:
Стара џамија — стара џамија во селото
Нова џамија — нова џамија во селото

Споменици на културата:
Во селото Ростуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласени се три објекти како споменици на културата и со тоа за културно наследство на Македонија:
Бигорски манастир — средновековен манастир во близина на селото
Стара болница — стариот здравствен дом во селото
Куќа – сопственици Василко и Трајан Круковски — стара куќа во селото

Спомен-плочи:
Спомен-плоча за загинатите во НОБ

Реки:
Ростушка Река — река покрај селото

Водопади:
Дуфски Водопад — водопад близу селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Ростуше – Авантуристички Парк Горна Ледина (1,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот