• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.700 м
  • Почетна точка:

    с. Ростуше

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ростуше или Ростуша – село и административно седиште на Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Селото се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, непосредно од десната страна на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар. Селото е ридско-планинско, сместено на надморска височина од 720 метри. Селото е сместено на пониска тераса, на десната страна на реката Радика. Оддалечено е 19 километри североисточно од Дебар и 52 километри југоисточно од Гостивар. Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.

Археолошки наоѓалишта:
Дубје — средновековна некропола;
Св. Јован Бигорски — средновековна црква; и
Св. Богородица — средновековна црква и некропола.

Цркви:
Црква „Св. Јован Крстител“ — главната манастирска црква на Бигорскиот Манастир;
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква од XIX век; и
Црква „Св. Архангел Михаил“ — црква од XIX век.

Манастири:
Бигорски манастир — средновековен манастир во близина на селото

Џамии:
Стара џамија — стара џамија во селото
Нова џамија — нова џамија во селото

Споменици на културата:
Бигорски манастир — средновековен манастир во близина на селото
Стара болница — стариот здравствен дом во селото
Куќа – сопственици Василко и Трајан Круковски — стара куќа во селото

Спомен-плочи:
Спомен-плоча за загинатите во НОБ

Реки:
Ростушка Река — река покрај селото

Водопади:
Дуфски Водопад — водопад близу селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Росуше – врв Рудина (10 км)
врв Рудина – врв Дели Сеница (1 км)
врв Дели Сеница – врв Голем Крчин (2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот