Будимирци – село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола. Селото поседува зачувана препознатлива архитектура на селските куќи. Првпат името на селото било запишано како Големо и Мало Будимирци (ретко и Лениште) во турски документи во XVI век.
Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е планинско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален макадамски пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 63 километри, додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 38 километри. Реките Трновчица и Бела Река се сметаат за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Патеки во близина:
с. Будмирци (Ловџиска Куќа) – врв Ниџе (16 км)
врв Ниџе – врв Бело Гротло (4 км)
врв Ниџе – врв Кајмакчалан (8 км)
- Наведените опции се вклучени во GPS линкот