Градешница – едно од најпознатите села во областа Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот Итар Пејо од народните приказни. Името на селото доаѓа од апелативот град (градец, утврдена населба). Се смета дека поимот Градешница означувал големо населено место, а порано во однос на другите мариовски села било најнапредно со што и личело на град. Во времето на феузализмот, градец означувало „тврдина“. Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, во крајниот источен дел на територијата на Општина Новаци, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Прилеп, а на друга страна со државната гранична линија со Грција. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Селото е едно од најизолираните места во државата, па така од централното место Битола е оддалечено дури 55 километри, додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 44 километри. Селото е поврзано со градот Битола преку регионалниот пат 2338.
Градешка Река, која поминува низ самото село, се смета за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата. Реката извира на планината Ниџе.
Една легенда говори дека селото било создадено со доселување на мештаните од Пешта, која се наоѓа на еден рид во непосредна близина на селото. На ридот на височина од 1.100 метри има остатоци од градби од римско време. Друга легенда говори дека жителите на некогашното село Лешче се стопиле со жителите на селото Градешница. Освен овие легенди, нема податоци за тоа кога настанало селото, но според археолошките наоди може да се утврди дека на местото на денешното село постоел континуитет на живеење дури од праисторијата. Доказ за ова е керамиката украсена со спирали вградена во црквата „Св. Ѓорѓи“, во горниот дел на селото. Римската тврдина Пешта, која се наоѓа помеѓу селата Градешница и Старавина, имала доминантна стратешка позиција во областа и привлекла да се изградат резиденцијални вили во селото. Вилите биле сместени во месноста Темнички Вир, а според Бранислав Ристевски од Институтот за старословенска култура во Прилеп тие постоеле во периодот од средината на II до крајот на III век. Денес, на тоа место се наоѓаат црквите „Св. Ѓорѓи“, „Св. Андонија“ и „Св. Спас“.
Археолошки наоѓалишта:
Кале — населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време;
Маркоица – некропола од римско време; и
Вакафско Место – некрополола од хеленистичко време.
Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква;
Црква „Св. Димитриј“ — гробишна црква, се наоѓа на влезот од селото. Се смета дека е од XVI век;
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква во месноста Брен;
Црква „Св. Атанасиј“ — селска црква;
Црква „Вознесение Христово“ — мала црква во близина на селото;
Црква „Св. Ѓорѓи“ — мала црква во селото;
Црква „Св. Антониј“ — мала црква во селото; и
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ — мала црква во близина на селото.
Најголема е црквата „Св. Никола“, пред чиј влез се наоѓа убава чешма. Црквата била урната за време на Првата светска војна, а била обновена во 1923 година. За тоа сведочи таблата поставена на левата страна на црквата на која пишува дека била обновена за време на владеењето на кралот Александар Караѓорѓевиќ.
Манастири:
Бренски манастир — понов манастир во близина на селото
Реки:
Градешка Река — река низ селото
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Градешница – Паркинг 4×4 (10 км) – Off-road 4×4
Паркинг 4×4 – ПД Кај Лаките (3,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот