• Должина во правец: 13,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.570 м
  • Почетна точка:

    с. Скочивир (Манастир Св. Архангел Михаил)

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Старков Заб е планински врв висок 2.223 метри на главниот срт на протегање и на главното било на планината Ниџе, на самата македонско-грчка државна граница. Се наоѓа на 2,8 км западно од највисокиот врв Кајмакчалан, високо над долината на реката Коњарка во Мариово, југоисточно од Битола. Наоѓајќи се на самата линија на познатиот Солунски (Македонски) фронт, врвот Старков Заб бил сцена односно место на големо боиште на Солунскиот фронт во Првата светска војна, со голема артилериска битка во 1916 година. Од врвот се отвора прекрасна глетка кон Кајмакчалан на исток, шумовитата падина и долина во Мариово кон север, пространaта рамина на Сариѓол со Островското и Петерското Езеро на југ и Пелагонија кон запад. Особена природна забележителност е огромното пространство на природна зимзелена иглолисна шума на македонската падина на Ниџе, со што воедно таа е единствена македонска планина каде што мнозинството од шумската растителност е од зимзелените иглолисни дрјва – црн и бел бор меѓу кои и моликата и ела (60%). Главниот срт на Ниџе кој се спушта кон запад со истоимениот врв и превој Старков Гроб, а продолжува да се издигнува кон Кајмакчалан на исток бил дел и од делницата на трасата на Јужната македонска трансверзала.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Скочивир – врв Старков Гроб (8 км)
врв Старков Заб – врв Кајмакчалан (3 км)

  • двете опции се вклучени во GPS линкот