Бајрак – планински врв на планината Караџица на планинскиот масив Мокра во Република Македонија. Всушност, Бајрак претставува планински гребен кој се издигнува над преслапот Празни Торба воедно претставува и вододелница помеѓу долините на Маркова и Кадина Река, при што со својата поставеност од запад кон исток прави течението на Кадина Река одеднаш од правец југ-север остро под прав агол да го промени правецот кон исток. Највисоката точка изнесува 1.527 метри надморска височина, додека кон малото разгранување на север се котите 1.512 и 1.398 по што се поврзува со врвот Крст (1.402) кон исток. Самиот гребен и врв Бајрак е всушност највисокиот врв на огранката Темна Бука која ги поврзува Караџица на запад и Китка на исток. Врвот и гребенот Бајрак се наоѓа во права линија на југ од селото Цветово и веднаш наспроти Планинарски дом „Караџица“.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Патеки во близина: