Ореше – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Селото се наоѓа во областа Азот, во западниот дел на територијата на Општина Чашка, во горното сливно подрачје на реката Бабуна. Селото е планинско, на надморска височина од 760 метри. Ова големо планинско село лежи во долината на Орешка Река, која е десна притока на Бабуна. Во долината на споменатата река, селото е отворено само кон исток. Од останатите страни се издигнуваат стрмните падини на планината Бабуна која ја одвојува областа Азот и долината на Бабуна од соседната област Порече.
Ореше е планинско село сместено на надморска височина од 760 метри. Најблиски села на Ореше се: Богомила, Папрадиште и Капиново.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Патеки во близина:
село Ореше – врв Бела Кемен (9 км)
село Ореше – врв Рендова Ливада (11,5 км)
село Ореше – Орешки Водопад (4 км)
- двете опции се вклучени во GPS линкот