• Должина во правец: 15 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 5,5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Црвена Вода

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Црвена Вода – село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид. Селото Црвена Вода се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на планината Караорман. Црвена Вода е планинско село чии куќи се изигнуваат на надморска височина од 1.000 до 1.200 метри. Селото има убава и поволна поставеност кон југоисток, опкружено со густо пошумени планински падини при што тоа изобилува со свеж воздух и во најтоплите денови. Имајќи предвид дека Црвена Вода е доста високо село со многу шума, поради својата поставеност тоа повеќе потсетува на утврдена населба (тврдина) при што тоа има специфична глетка: штом се здогледа една куќа така се гледа и целото село. Поради ваквото стратешко значење за време на Втората светска војна селото Црвена Вода било средиште на востаничката власт и војна и политичка на македонските партизански одреди и органите на НОБ. Селото Црвена Вода е од збиен тип и се дели на Горно и Долно Маало. Водата за пиење се носи од една снажна села кој се наоѓа во долниот дел на селото. Од градот Охрид е оддалечено 33 километри, и е поврзано со асфалтен пат кој се одвојува како крак од магистралниот пат кај крстосницата за Слатино. Атарот на Црвена Вода се издигнува високо на планината Караорман сѐ до билото на планината Стогово со врвот Бабин Срт, зафаќајќи простор од 17,1 км2, на кои преовладуваат шумите на површина од 1202 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 323 ха, а на пасиштата 150 ха. Во густите шуми на атарот над селото најзастапени се листопадните шуми како буката, дабот, леската, јасиката, брезата, а во пониските делови и овошни дрвја како цреши и диви сливи. Од селото Црвена Вода водат повеќе шумски и планинарски патеки кон билото и врвот на Караорман како и врвот Бабин Срт на Стогово.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Црвена Вода – врв Алипашица (14 км)
врв Алипашица – врв Ржански Рид (1 км)
врв Ржански Рид – врв Бабин Срт (3 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот