Годивје – село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во близина на патот Кичево – Охрид.
Селото Годивје се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга. Атарот на селото Годивје граничи со атарите на селата:Сливово на исток, Врбјани на север, Ржаново и Селци на запад, Лактиње на југ, и Арбиново на југоисток. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Горни и Долни Локви, Бел Камен, Војово, Присој, Корија, Рајчиница, Кобилица итн.
Подрачјето на Годивје е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Черенец околу 1 км источно од селото.
Годивје е старо село, за првпат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебрца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во Прилепско каде основале ново село Годивје (таму наречено „Годивле“). После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век. Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село излегле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.
Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци).
Цркви:
„Св. Ѓорѓи“, прогласена за културно наследство на Македонија
„Св. Никола“
„Св. Вартоломеј“ — обновена и осветена на 24 јуни 2020 г.
„Св. Спас“
Археолошки наоѓалишта:
Војо — населба од средниот век
Горица — цркви од средниот век
Кула — опидум и тврдина од хеленистичко време, доцноантичко време и средниот век
Св. Спас – Црквиште — сакрален објект од средниот век
Трумени Гумења — црква од средниот век
Черенец — населба од неолитот
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: